Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО ДПМНЕ ќе биде носител во петтата изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ ја разреши и последната дилема, со одлуката генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски да ја предводи кандидатската листа во петтата изборна единица на опозициската партија. Од претходно е познато дека носители ќе бидат Христијан Мицкоски во кецот, Владо Мисајловски во двојката, Драган Ковачки во 3 ИЕ, Александар Николоски во четвртта и Дафина Стојаноска во шестката.

Партиската програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира веќе в недела..

Поврзани објави
Total
0
Share