ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА МАСК: Човештвото ќе постои уште неколку стотици години

 Цивилизацијата ќе трае само уште неколку стотици години доколку човештвото не стане „меѓупланетарно“, изјави денеска американскиот претприемач Илон Маск.

„Ако станеме меѓупланетарни, а потоа и меѓуѕвездени, нашата цивилизација ќе трае милиони години. Ако не, тогаш веројатно само неколку стотици години“, напиша Маск на платформата на мрежата X, одговарајќи на прашањето на новинарот и футуролог Ед Красенштајн кога ќе дојде крајот на човечката цивилизација.

Според бизнисменот, човештвото треба да го задржи сегашното технолошко ниво додека Марс не стане целосно вселив, што, според него, би можело да се случи во рок од 20 години, пренесува Танјуг.

Маск претходно изјави дека демографскиот колапс е најголемиот проблем што им се заканува на луѓето на Земјата.

Поврзани објави
Total
0
Share