Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу надеж со Пендаровски и враќање во минатото со Силјановска. Пендаровски е прогресивен политчар со јасна визија за европска иднина на државата.Силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО, порача на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка од редовите на СДСМ и додаде:
-,,Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува.
Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.
Тоа е нашиот претседател Стево.
Не само што го врати угледот на позиција туку покажа и интегритет во носењето на одлуките, независно од било која партија.
Без афери, без скандали, без ниту една дамка и без ниту една погрешна одлука.
На граѓаните им е доста од делби и поделби. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани”,изјави Шкријељ.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57