Шкендија со триумф над Работнички стигна до Европа

Со голови на Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута, Шкендија со 2-0 славеше на гостувањето кај Работнички.Со овој триумф Шкендија заврши на втората позиција и ќе игра во европски квалификации на лето.

Шкупи со 2-1 славеше кај шампионот Струга, но ова беше пирова победа за чаирскиот тим со оглед на успехот на Шкендија.Рамани уште во деветата минута донесе водство за Шкупи, а Буњамин Шабани во 30. изедначи на 1-1. По шест минути игра во второто полувреме Аворњо дојдесе триумф за скопскиот тим.

Вардар одигра 2-2 против Тиквеш. Црвено-црните поведоа со гол на Николовски во 14. минута, но брзо потоа следуваше пресврт, со погодоци на Пузиревскис и Даноски, кавадаречкиот тим го сврте резултатот и поведе со 2-1. Сушњара во 66. минута донесе бод за Вардар.Вистинска голеада имаше во Струмица каде Брера со 5-3 ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров која имаше водство од 2-1 на полувремето.Воска и Гостивар одиграа нерешено 1-1, а со истоиот резултат заврши и дуелот меѓу Брегалница и Силекс.

33. коло:

Брера – Македонија ЃП 5-3Брегалница – Силекс 1-1Работнички – Шкендија 0-2Струга – Шкупи 1-2Вардар – Тиквеш 2-2Воска – Гостивар 1-1

Конечна табела:

Струга 64, Шкендија 64, Шкупи 62, Тиквеш 44, Силекс 43, Гостивар 42, Брера 42, Работнички 42, Воска 42, Вардар 37, Македонија ЃП 29, Брегалница 28.

Поврзани објави
Total
0
Share