Шидер: Очекував дека сите политички партии ќе работат на европскиот сон

,,Северна Македонија е потребна во Европската унија. Очекував сите политички партии да работат на европскиот сон, но од дискусиите тука, во земјата, воочив дека нема многу проевропски опции. Сега е периодот кога ЕУ треба да направи се преговорите да се остварат, но и Северна Македонија да има влада која ќе стори се преговорите да успеат. Пораката е јасна, ќе имаме заедничка европска иднина само ако вие бидете избрани и ако Стево Пендаровски стане претседател на државата”, рече денеска европратеникот и носител на листа на социјалдемократите во Австрија за изборите во ЕУ, Андреас Шидер по средбата со лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На заедничката прес-конференција по состанокот во партиското седиште на СДСМ, Шидер истакна дека на Северна Македонија и е потребна влада која ќе ги решава проблемите. Тој како клучни, освен членството во ЕУ, ги посочи економските и социјалните, но и прашањата поврзани со владењето на правото и борбата против корупцијата. Притоа оцени дека токму СДСМ работи на нивното надминувањe.

Поврзани објави
Total
0
Share