Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Најмалку 7 лица, меѓу кои шест деца, се ранети денеска во руски напад со наведувани проектили врз регионот Харков во североисточна Украина, изјави регионалниот началник Олег Синегубов.

Синегубов на Телеграм напиша дека во рускиот напад на градот Дергачи четири деца се здобиле со средно тешки повреди, а две со полесни повреди, пренесе Ројтерс.

Синегубов изјави дека во нападот биле погодени и цивилна инфраструктура и приватни куќи.

Регионот Харков стана цел на поинтензивни руски напади во последните месеци, вклучувајќи цивилна и енергетска инфраструктура, наведува британската агенција.

Поврзани објави
Total
0
Share