Швајцарија победи на Евровизија,Хрватска на второ место

Швајцарија ја претставува Немо со песната „The Code“.Тој се декларира како родово неутрална личност, а неговата песна зборува за еден вид лични борби и борби со околината и испраќа порака дека секој треба да го следи својот пат и да си го бара своето место.Швајцарскиот претставник донесе на големата сцена мешавина од различни музички жанрови, многу енергија и многу емоции.

Под неверојатно полициско обезбедување, како што тврдат странските медиуми имало и снајперисти на зградите, се одржа 68-то издание на Изборот за песна на Евровизија во Малме, Шведска. Полицијата реагираше поради Израелската претставничка, закани кон неа од страна на Палестина (сеуште трае Израелско-палестинскиот конфликт), па беше приморана да не смее дури ни да ја напушти хотелската соба. Имаше и други конроверзии кои секогаш го пратат овој настан гледан од 500 милиони ширум светот. Холандскиот претставник беше дискфалификуван поради неприметно однесување.

Поврзани објави
Total
0
Share