Чија беше идејата да се избере претседател во Собранието? – Груби: Опозицијата згреши, не го разбраа говорот на Ахмети!

Суштината на идејата на Али Ахмети, според Артан Груби, е избор на претседател на државата во Собранието со 2/3 од гласовите и со бадентер. Според него, албанската опозиција не ја разбрала токму оваа идеја кога ја презентираше синоќа. Според Груби, идејата што синоќа ја изнесе Арбен Таравари од ВЛЕН всушност била идеја на Ахмети, бидејќи опозицијата предвреме успеала да го обезбеди говорот на Ахмети.

„Иако го прочитаа говорот претходниот ден, не успеаја да го разберат и не успеаја да разберат каде е поентата на говорот. Така во обидот набрзина да ги пренесат информациите што случајно ги „обезбедиле“ од ДУИ, во крајна паника излегоа на прес-конференција и го презентираа случајот, секогаш повикувајќи се на говорот на г. Ахмети, кој требаше да се одржи денеска и дозволи први да излегуваат тие, за да утредента господинот Ахмети да излезе со нивна „копија““, изјави меѓу другото Груби.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share