ЦУК: Сите вчерашни пожари се изгаснати

Центарот за управување со кризи известува дека вчера имало вкупно 28 пожари на отворен простор и дека сите се изгаснати.

“Нема активни пожари од вчерашните. Сите 28 пожари од вчера се изгаснати, при што последен и најдолготраен бил пожарот веднаш над селото Смоларе, на планината Беласица, којшто можел да прерасне во опасен и по шумата, а и по селото“, истакнуваат од ЦУК.

Конкретно, шумскиот пожар до горниот дел од с. Смоларе, каде што во близина имало и борова шума што лесно можело да биде зафатена можел да го загрози селото, ако на време не бил детектиран дека се разгорува во неколку наврати и да биде локализиран и гасен. Пожарот бил започнат по гром, поточно молња удрила во суво стебло од костен, по што и започнал на крајот од денот при стемнување. Од страна на локалната месна заедница веднаш бил пријавен на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Пожарникарите брзо интервенирале и го локализирале до ноќните часови, но после 21.00 часот повторно се појавиле чад, а потоа и активно горење, па пожарот потпомогнат од послаб ветер почнал да се разгорува. Мештаните активно се самоорганизирале преку локалната месна заедница да дежураат и до доцна во ноќта го гаселе и го локализирале, а потоа, кога тоа било можно, утрово, со помош на тим од ЈП „Национални шуми“, повторно го доизгасувале по што целосно го изгасиле. Мештаните изразија благодарност на пожарникарите од Струмица и на тимот од локалната подружница на ЈП „Национални шуми“, а и на РЦУК Струмица, за нивниот ангажман и за советите за безбедност при гаснењето на пожарот, велат од ЦУК.

Вчера биле изгаснати следниве 28 пожари:
– Општина Ново Село 2 – кај с. Борисово (висока сува трева, нискостеблеста) и шумски пожар до горниот дел од с. Смоларе,
– Општина Битола 2 – с. Лажец и с. Могила кон с. Радобор (запалено ниска вегетација, стрниште);
-Општина Крушево во с. Алданци (ниска вегетација);

-Општина Прилеп 4 – на улица „Кордун“, с. Дебреште, с. Бело Поле, с. Ропотово, и месност „Маркови кули“ (запалена ниска вегетација и стрништа);

– Општина Ресен 2 – с.Козјак и с. Наколец (сува трева и нискостеблести растенија);

-Општина Богданци над брана „Паљурци“ (запалена нискостеблеста шума);

-Општина Кичево во с. Ивандол, (запалена ниска вегетација);

-Општина Дебар – во месност „Житинско Поле“ (сува трева и стрништа);

-Општина Струга – с.Калишта (запалена ниска вегетација);

-Општина Велес (запалена ниска вегетација и трње и ѓубре);

-Општина Кавадарци с. Манастирец (запалена ниска вегетација);

-Општина Чешиново Облешево 2 – с.Чифлик и селата Три Чешми и Долни Балван (запалено стрниште);

-Општина Ранковце кај с.Опила (запалена стрниште)

-Општина Тетово 5 – с. Волковија, (депонија), а кај и с. Теарце, с. Пршовце, с. Камењане и с. Желино.
(сува трева и ниска вегетација);

-Општина Гостивар 2 – населба „Фазанерија“ и с. Форино, (запалена ниска вегетација)

-Општина Чучер Сандево – кај село Блаце (запалена ниска вегетација и шума).

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share