ЦУК: Вчера се изгаснати 19 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека имало 19 пожари на отворен простор вчера и сите се изгаснати, а активни пожари од вчерашните во државата, нема.

-Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш кон Ораовица во Радовиш, во близина на Мирјанина Црква во Штип, во Неготино, во Теранци, Уларци, Пожаране, Бервеница, кај патарината Гостивар – Тетово, улицата „Бистрица“ во Охрид, населбата Превалец во Велес, Радиовце во Боговиње, Алданци во Крушево и два пожара во Сарамзалино и Ќоселери во Лозово, соопштија од ЦУК.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share