Во последното деноноќие имало вкупно 1993 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), од кои „реални“ биле 65,98 отсто, а 34,02 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Како што информира ЦУК, кон Полицијата биле упатени 66,99 отсто, кон Итната медицинска помош 28,8, а кон пожарникарите 2,91 отсто од реалните повици. -Имаше 682 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,29 отсто) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (34,02 отсто). Сите тие беа предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопшти ЦУК.Оттаму посочуваат дека во последното деноноќие имало три пожари на отворено при што пожарникарите интервенирале во Општина Шуто Оризари покрај улица „Индира Ганди“ за гаснење ниска вегетација, во Општина Прилеп во близина на „Дата центар“ за гаснење запалени отпадоци и во Општина Кичево кај село Крушино каде што гаснеле ѓубриште.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57