ЦУК: Внимателност заради почеста појава на змии во населби

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 833 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,94%, а 39,06% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да бидат внимателни при појавата на змии во овој потопол период.

Вчера беше добиена пријава за змии (Општина Гази Баба) и веднаш на пријавителката и беше пренесено дека служби за фаќање на змии нема, но сепак и беа дадени информации дека и физички лица има на повик, кои се справуваат и заловуваат змии, истакнуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК – Битола, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на ул.„Мирче Ацев“ бр 9 во Прилеп, по што е интервенирано во 13.45 часот од страна на ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари со 1 возило.

Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

Поврзани објави
Total
0
Share