Црна Гора ќе го екстрадира во Јужна Кореја „кралот на криптовалутите“ До Квон

Црногорскиот Висок суд во четвртокот одлучи дека уапсениот „крал на криптовалутите“ Хјеонг До Квон треба да биде екстрадиран во неговата родна земја Јужна Кореја.

Претходно, на 21 февруари истиот суд одлучи да го екстрадира До Квон во САД, но на 5 март Апелациониот суд на Црна Гора ја укина таа одлука.

Последната одлука ќе биде конечна и обврзувачка, освен ако адвокатите на јужнокорејскиот крал на криптовалутите не поднесат жалба. Во текот на процесот, тие се залагаа До Квон да биде екстрадиран во Јужна Кореја.

Судовите во Црна Гора досега постојано одлучуваа по барањата на Јужна Кореја и САД за екстрадиција на До Квон, кој е обвинет од двете земји за финансиска измама во областа на бизнисот со криптовалути.

Црногорското законодавство предвидува приоритет да и се даде на земјата која прва ќе го поднесе барањето за екстрадиција.

Амбасадата на САД на 27 март минатата година достави нота до Министерството за правда со барање за привремен екстрадициски притвор на До Квон, додека Јужна Кореја поднесе барање за екстрадиција еден ден подоцна, на 28 март.

И додека во првата одлука Вишиот суд ја третира нотата од американската амбасада како барање и одлучи да го екстрадира во САД, Апелациониот суд го доведе во прашање и ја понипшти таа одлука.

Во денешната пресуда, Високиот суд пресуди дека Јужна Кореја има приоритет за неговата екстрадиција.

До Квон и неговиот деловен партнер Чанг Џун беа уапсени на крајот на март минатата година на аеродромот во Подгорица кога се обидувале да отпатуваат со приватен авион за Дубаи со лажни пасоши. Чанг Џун беше екстрадиран во Јужна Кореја на 5 февруари оваа година.

Поврзани објави
Total
0
Share