Центар за граѓански комуникации: Тендерот за гласање во дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Изборите и јавните набавки

Истражувањето покажа дека:

  • Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година.
  • Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година.
  • Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.
  • Дури 41% од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас.
  • Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми.
  • Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки.
Поврзани објави
Total
0
Share