Царината запленети 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, информираат од Царинската управа.

„На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство“ се вели во соопштението од Царина.

    Оттаму појаснуваат дека против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.

    Поврзани објави

    Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

    Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
    Повеќе
    Total
    0
    Share