Бунтовниците Хути во Јемен ослободија повеќе од 100 воени заробеници, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Затворениците се ослободени рано утринава во Сана, која сега е под контрола на Хутите.
Еден од ослободените со здравствени проблеми со возило на брза помош е префрлен во неговиот роден град во Јемен.Се верува дека има уште илјадници заробеници од војната во Јемен што започна во 2014 година меѓу бунтовниците поддржани од Иран и владата поддржана од Саудиска Арабија.