Хрватска: Откриен токсичен пестицид кај пиперки увезени од Македонија

„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен“, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

Забранет пестицид е откриен кај пиперки од Северна Македонија кои биле увезени во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен“, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

Пестицидот „форметанат“ како ефикасен инсектицид се користи во производството на овошје и зеленчук. Тој е забранет во Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Поврзани објави
Total
0
Share