ФОТО | Турската актерка непрепознатлива: Го смени изгледот за нејзиниот нов проект

После подолго време познатата турската актерка Бергузар Корел се враќа на глумата, а за нејзиниот нов проект таа потполно го смени изгледот, пишуваат турските медиуми.

Актерката која на публиката ѝ е најпозната по улогата на Шехерезад, ќе глуми во новата серија со наслов „Јазол“. Ова е прва улога на Бергузар, откако се повлече од актерството поради третата бременост.

За потребите на новата серија, таа целосно го смени имиџот и стана русокоса. Актерката ги воодушеви своите обожаватели и собра многу комплименти, откако на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со новата фризура.

Во новата серија актерката, ја глуми новинарка Неслиха Турхан, која води емисија за досиеја на исчезнати лица и за убиства. Снимањето на серијата започна неодамна, а премиерата се очекува да биде во 2024 година. Ова е прва турска серија снимена во соработка со „Амазон прајм“.

За потсетување, таа е во брак со актерот Халит Ергенч со кого имаа два сина и една ќерка. Двојката се запозна на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, се вљубија, а кратко потоа се венчаа. И денес во јавноста, Бергузар , која е една од најплатените турски актерки, ја нарекуваат Шехеразд, по улогата со која и стана позната на јавноста.

Поврзани објави
Total
0
Share