(Фото) Наташа Беквалац во секси комбинезон ги магепса гледачите: „Мајка ми ме критикува за мојата голотија“

Пред неколку дена новосадската барбика Наташа Беквалац го изведе дуетот „Преваранти“ што го сними со Саша Матиќ, а кадрите од видеото ги запалија социјалните мрежи.

Пејачката која видно ослабе и ја доведе својата линија до совршенство, во спотот заводливо танцува, а за прв пат имавме можност да ја видиме со црна коса.

Набрзо „мрежите“ галамеа за жешката пејачка поради предизвикувачките кадри во бикини, а сега таа дополнително ги разгоре зборувањата за неа, кога се појави во популарната емисија на Огњен Амиџиќ. Убавата Наташа носеше тесен комбинезон, целосно проѕирен.

Долната облека ѝ се гледаше, а од деколтето погледот го привлекуваа градите.

Пејачката искоментира дека нејзината мајка не е задоволна од нејзините предизвикувачки модни комбинации.

„Таа секогаш е незадоволна од мојата голотија“, – се насмеја Наташа во студиото.

Наташа и Саша зборуваа и за нивниот нов дует, кој веќе стана хит.

„Дојдов до таа идеја, јас нè собрав заедно. Разговорот беше прекрасен и краток, бидејќи песната веднаш му се допадна на Саша. Го остварив првиот контакт, единствено кој што можев да го видам и слушнам беше Саша“, рече Беквалац во емисијата „Амиџи шоу“, а Саша продолжи:

„Менаџерот ми испрати песна, свирев во Марибор, спиев пред свирката, станав и размислував дали да се истуширам или да ја слушнам песната, не е важно, ќе ја слушнам утре, никаде не гори, но ме копкаше што е тоа. Тогаш набрзина ја слушнав првата строфа и веднаш ѝ пуштив порака на Наташа, ова е топ, како што и е“, објаснува Саша.

Поврзани објави
Total
0
Share