Грција денеска е столб на меѓународната заедница и економијата, Грција е столб на НАТО, Грција е столб на нашата колективната безбедност и на поддршката за Украина и Грција е силен и горд столб на нашата Европска Унија, истакна претседателката на Европската комисија и главната кандидатката на Европската народна партија (ЕПП) за истата позиција, Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање во Атина на Конгресот на Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.Фон дер Лајден говореше на последниот ден од Конгресот на партијата што е дел од ЕПП, со што го означи и почетокот на нејзината кампања за европските избори во јуни.Се осврна за тоа што Грција го постигна во изминатите години, рече дека тоа е благодарение на народот, на Нова демократија, но и на актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис и „приказната на Грција во последните години е приказна на импресивно закрепнување“.Истакна дека земјата „не толку одамна гледаше кон бездна“, а сега со актуелната власт „економијата на Грција го надмина европскиот просек“.Говореше и за европскиот пакт за миграција, порачувајќи дека „ние, Европејците сме оние кои одлучуваме кој доаѓа во Европа и под кои услови, а не криумчарите“.За претстојните евроизбори, рече дека Европа е пред предизвици како никогаш досега, истакнувајќи ја руската агресија, не само врз Украина, туку и врз самата ЕУ.– Пријателите на Путин овде во Европа се обидуваат одново да ја испишат нашата историјата и да ни ја земат иднината. Без разлика дали се популистите или демагози, истакна фон дер Лајен и додаде дека „можеби имињата на овие партии се различни во секоја земја, но целите се исти, сакаат да ја уништат Европа и ние никогаш нема да дозволиме да се случи ова“.На последниот ден од Конгресот на Нова демократија што започна во петокот, освен фон дер Лајен, на делегатите им се обрати и претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, како и грчкиот премиер и претседател на Нова Демократија Киријакос Мицотакис.Конгресот на Нова демократија оваа година е и јубилеен со оглед на тоа што партијата одбележува 50 години од формирањето, а се одржува во палатата Запио, каде што во 1979 година тогашниот премиер и лидер на НД Константинос Караманлис го потпиша протоколот за влез на Грција во европскиот семејство.
Поврзани објави
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13
Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа
Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави…
19.06.24 09:35