ФИЧ: Со мерките на Народната банка инфлацијата и натаму ќе забавува

Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната кај нас придонесоа за намалување на инфлацијата“, посочува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во својот последен извештај за земјава, во кој го потврдува кредитниот рејтинг од „ББ+“ со стабилен изглед, соопшти Народна банка.Во извештајот на „Фич“ се наведува дека поради затегнатата монетарна политика, инфлацијата се намали на 3% во февруари оваа година, во споредба со 19,8% во октомври 2022 година, кога го достигна највисокото ниво. Базичната инфлација исто така се намали на 4,7% во февруари, од највисокото ниво во декември 2022 година од 11,1%, за што придонесува и стабилизирањето на инфлациските очекувања. „Фич“ прогнозира дека просечната стапка на инфлација ќе се намалува и во 2024 и 2025 година. Според нив, брзиот раст на платите претставува нагорен ризик за инфлацијата. Сепак, посочуваат дека зголемените профитни маржи во последниве години можат да неутрализираат дел од повисоките трошоци и да придонесат за намалување на ризикот од повисока инфлација.

Поврзани објави
Total
0
Share