Филмски грабеж се случи вечерва, намерно удриле во возило пукале кон возачот и му одзеле 150.000 евра

Грабеж како од филмовите се случил вечерва во Куманово. Како што дознава 24инфо.мк од полициски извори вечерва нешто по 20 часот на улица „Доне Божинов“ додека возило марка ,,Пасат” во него удрило ПМВ „Ренџ Ровер’’ со скопски регистарски таблички во кое имало 4 непознати лица, при што едно од нив со пиштол испукало неколку куршуми во правец на возачот.

Потоа, лицата излегле и од возачот одзеле една торба во која имало 150.000евра, го запалиле ,,Роверот“ и со друго непознато возило кое било во близина побегнале од лице место упатувајќи се во непознат правец.

Ограбениот возачне е повреден, а единица наТериторијалната противпожарна единица го изгасила запаленото возило.

Екипи на МВР се на местото на настанот а жртвата е сопственик на менувачница во Куманово.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share