И во Алжир е забрането прикажувањето на филмот „Барби“. Промовира хомосексуалност и други западни девијации и не е во согласност со верските и културните верувања на Алжир, јавија алжирските медиуми. Претходно овој филм од истите причини беше забранет и во Либан и во Кувајт.
Филмот веќе надмина 1 милијарда долари заработка од продажба на билети ширум светот од неговата премиера на 21 јули.