Филипче ја поднесе кандидатурата за лидер на СДСМ

Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче, утринава ја поднесе најавената кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Овој ден, порача Филипче од пред партиското седиште, симболично го означува почетокот на реформи и на промени во партијата.

Програмата за работа како потенцијален претседател на СДСМ рече дека се темели на информации, сугестии и барања од членовите со кои, како што рече, имал средби изминатите два-три месеци. Од членството му било укажано што е тоа што треба да биде променето во партијата, а токму тоа, рече Филипче, е дел во програмата.

„Изборните резултати ја клекнаа СДСМ на колена, некои го поставуваат прашањето дали партијата воопшто ќе опстои. Но сметам дека не само што со мое раководење СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија. Ги повикувам сите што го имаат ентузијазам да работат да ми се приклучат и да дадат придинес“, рече Венко Филипче во изјава за медиумите пред поднесување на својата кандидатура за претседател на СДСМ во седиштето на партијата.

На прашањето за поддршата од Зоран Заев и нели смета дека тој ќе биде во неговата сенка, Филипче одговори дека слушнал такви коментари и истакна:

„Доколку бидам претседател, за кратко време ќе докажам дека ќе владеам со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Заев говори за мене, зашто имам такви добри релации и со други сегашни и поранешни функционери и со членбството, а тоа е можност за брзо обединување во партијата“.

На прашањето зошто се кандидирал, одговори дека смета дека ги разбрал пораките од членовите на партијата и дека знае како да одговори на предизвикот.

„Како што реков, имам одлична комуникација со сите членови и сметам дека е тоа еден од факторите за брзо обединување во партијата. Сите размислувања ќе бидат вградени во програмата. Членството ќе почувствува дека е дел од раководењето со партијата. Ќе се либерализира и изборот на раководи кадри на локално ниво“.

Тој нагласи дека очекува голема поддршка од членството за да биде избран за лидер на СДСМ и нагласи дека е свесен за одговорноста која ја презема, но дека знае декка може да работи совесно и професионално за добро на партијата.

Поврзани објави
Total
0
Share