Фатен е крадец во Свети Николе, расчистени се 10 „тешки кражби“

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10.03.2024 од продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари.

Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела од слобода е лишен В.Б.(41) од Свети Николе.

Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share