УЈП го одложија генералниот штрајк – денеска ќе назначат нов медијатор откако првиот се изземал

Вработените во УЈП го одложуваат денешниот генерален штрајк за кој се подготвуваат веќе две недели, откако назначениот медијатор Лазар Јовевски кој требаше да преговара со министерството за финансии побарал да се изземе, затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој требал да постапи. За денеска од УЈП најавија дека ќе назначат нов медијатор. 

Вицепремиерто Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението. Од Синдикатот на УЈП цврство на ставот, бараме тоа што ни следува согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила. Во меѓувреме, останува протестот секој ден од 10 до 12 часот.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share