Уште 24 часа за собирање потписи за претседателски кандидадти

Утре на полноќ завршува рокот за собирање потписи за кандидати за претседател. Последниве два дена до Државната изборна комисија доставени се Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од Гоце Ристов и Драган Николовски.

Според податоците од ДИК, засега во трка се 7 кандидати за претседател кои го собрале потребниот број на потписи.

 Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ – 22.411

 Гордана Сијалновска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ – 28.086

 Арбен Таравари, 10.710

 Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ – 11.605

 Бујар Османи, кандидат на ДУИ – 11.085

 Билјана Ванковска Цветковска, кандидат на Левица – 10. 500

 Стевчо Јакимовски – 11 202

Други кандидати на претседатели кои имаат можност до утре да соберат потписи:

 Мерсиха Смаиловиќ кандидат на Бошњачкиот демократски сојуз – 1 876

 Вело Марковски – 1.551

 Ѓорѓи Манасков – 468

 Зорица Цветковска – 255

 Господин Попоски- 137 потписи

Според роковникот на ДИК за Претседателски избори 2024, листите на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат најдоцна на 19 март, до полноќ, односно 35 дена пред денот на одржување на изборите. ДИК утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател ќе ја објави најдоцна 25 дена пред денот на одржувањето на изборите во „Службен весник на Република Македонија”, најдоцна на 29 март, до полноќ. Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share