И денеска по два обиди уставните судии не успеаја да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од нивната колешка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2 јуни.
Од Уставен суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни.
Како и вчера, кога имаше четири неуспешни обида за избор на претседател, и денеска двете кандидатки за функцијата, судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева не успеале да го добијат неопходното двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
Во денешните два обиди резултатот бил ист како и вчера – за кандидатурата на Васиќ-Бозаџиева гласале 5 судии, додека нејзината колешка и противкандидатка Павловска-Данева повторно добила 4 гласа.