Усвоен Законот за забрана на нефер трговски практики

Законот содржи 26 нефер трговски практики, казните се до 20 илјади евра, а рабатот за околу 2.500 продукти е ограничен на 10 отсто.  Листата на продукти министерството за економија ќе ја објави најдоцна за три месеци а добавувачите имаат рок од шест месеци да се усогласат со законот.

Законот за забрана на нефер трговски практики кончено е усвоен во Собранието откако на денешната 148 седница доби 82 гласа „ЗА“. Со овој закон треба да се стави ред во цените на овошјето зеленчукот и прехранбените производи и да се спречи самоволието на трговците и добавувачите. Сепак на првите ефекти од овој закон граѓаните ќе мора да причекаат неколку месеци бидејќи добавувачите мора да се усогласат со одредбите а во меѓувреме и министерството за економија да ја објави листата на продукти.

„Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика. За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра“, соопштија до министерството за економија кое е предлагач на законот.
Законот предвидува дека отсега трговците веќе нема да можат да наплаќаат на добавувачите за внесување нов производ на пазарот, за преуредување на продавниците или за отворање нови, да ги условуваат со компензација или да им забранат да им продаваат земјоделски и прехранбени производи на други продавачи по пониска цена.

Поврзани објави
Total
0
Share