Управниот суд ја уважи тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители и ја поништи одлуката на ДКСК

Управниот суд вечерва соопшти дека ја уважува Тужбата на тужителот Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев”Скопје.

Управниот суд соопшти дека судечкиот совет по предметот УРП.бр.76/2024, оформен по тужба поднесена од Јавната установа Академија зa судии и јавни обвинители “Павел Шатев” од Скопје, против Одлука бр.12-1330/15 од 11.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупција, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:

Тужбата на тужителот Јавна установа Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев”Скопје, СЕ УВАЖУВА.

Одлуката на Државната Комисија за спречување за корупцијата бр.12-1330/15 од 11.04.2024 година, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно одлучување на тужениот орган. Тужениот орган е должен да постапи по одлуката на Управниот суд согласно член 33 став 3, 4 и 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена во текот на утрешниот ден на Судскиот портал.

Поврзани објави
Total
0
Share