Универзална сала не изгоре, изгореа стари материјали,тврди фирмата која ја вршеше реконстукцијата

Универзална сала не изгоре, туку изгоре моментот којшто требаше да биде дислоциран, градежните работи коишто требаа да бидат дислоцирани од тој објект. Во глобала во салата беа стари материјали како иверица, стар челик, стар алуминиум. Секоја штета што ќе биде увидена на самата нова челична конструкција, ако биде увидена ќе биде заменета за нова и се тоа ќе се среди,- Лазар Арсоски – претставник од Универзал Балкан и Актива Штип.Од фирмата задолжена за надзор на реконстукцијата на Универзална сала велат дека активностите нема да продолжат се додека не се испита безбедноста на новата метална конструкција.-Додека не се покаже дека коигзистенцијата на материјалот на металот не е нарушена, тогаш ќе се продолжи со работа, доколку испитувањето го покаже спротивното тоа што е нарушено ќе се демонтира и ќе се почне со нова конструкција,- Љубин Макаровски –ЕОС Скопје .На денешниот брифинг со медиумите Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска кажа дека реконстукцијата на Универзална сала ќе продолжи и ќе биде завшрена во предвидениот рок.Целиот случај го испитува и Скопското обвинителство, откако полицијата ги приведе и ги пушти тројцата работници со образложение дека тие немаат поврзаност со избувнувањето на пожарот. Истрагата треба да одговори која е причината за пожарот, дали се работи за несреќен случај или е предизвикан од човечки фактор.

Поврзани објави
Total
0
Share