Украинци се обиделе да внесат детектори за метал, војнички шлемови, дрон и кубури преку Табановце

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери – кубури, антиквитети и друго, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

Во соопштението на Царионата се вели дека во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.

Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување, велат од Царината и додаваат дека лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава.

Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за нејзина употреба и вршење нелегални активности на територија на Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share