Украина собори 14 од 17 руски дронови

Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 14 од вкупно 17 дронови лансирани од Русија во регионите Одеса и Миколајев, соопшти војската на 10 април.Во соопштението се додава дека во Одеса се уништени и две руски крстосувачки ракети.Регионалниот гувернер на Одеса, Олех Кипер, во одделна изјава рече дека руските беспилотни летала и балистички проектили биле насочени кон цели на енергетската инфраструктура.Две лица се ранети, а предизвикана е штета на критична транспортна и логистичка инфраструктура од паѓање на остатоци од проелтилите, рече Кипер.Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана собориле пет украински беспилотни летала над регионот Брјанск.

Поврзани објави
Total
0
Share