Узурпирани и скршени пластичните столбови околу патеките за велосипеди

ДВАЈЦА МРТВИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, ОПШТИНАТА ИНТЕРВЕНИРА – ГРАЃАНИТЕ НЕСОВЕСНИ

Повеќето пластични столбови околу велосипедските патеки во општина Чаир се искршени за да се паркираат автомобили. Ова претставува проблеми за велосипедистите и пешаците. Чичко Џелал има 66 години и за да оди на пазар го зема својот велосипед.

“На пазар одам со велосипед. Да купам нешто. Подобро со велосипед отколку со автомобил? Јас немам кола. Овој ми е кола.“

Поради узурпација на велосипедските патеки, поголемиот дел од велосипедистите возат по коловозот, ставајќи го во опасност својот живот. За ова зборува и статистиката на МВР. Во полициските извештаи дневно има по најмалку 10 повредени пешаци. Загрозени се и оние кои возат тротинети.

“Што да правам, треба да тргнам по друг пат, треба да возам по главниот пат. Ова не е во ред, верувам дека и самите гледате.“

Поради немање место за паркинг се узурпираат јавните места, велат граѓаните. Се градат станови додека не се предвидени места за паркинг. Наде Поповска живее во Чаир повеќе од 50 години и вели дека бројот на автомобили е зголемен, а нема доволно места за паркинг.

“Патот е за возилата, а тротоарот е за граѓаните. Овде имаше место да се помине. Кога дојдовме пред 55 години, во оваа населба немаше ни 3 коли. Сега и овие не се криви, мора да има паркинг. Каде да ги стават, на глава?“

Узурпаторите на јавното место не сакаа да зборуваат пред камера. Општина Чаир неколку пати ги отстрануваше синџирите, но граѓаните ги враќаа назад. Градоначалникот на општината Висар Ганиу изјави дека никогаш не дозволил узурпација на јавни места.

“Со инспекторатот веднаш ќе постапиме по ова, ќе ги отстраниме и ќе поведеме постапка против сторителите. Никогаш не сум дозволил узурпација во општина Чаир откако сум градоначалник. Поради оваа причина ги охрабрувам граѓаните да не информираат, ние ќе ги отстраниме“ – вели Висар Ганиу.

Во извештајот на месец јуни тешко е повреден 76-годишен велосипедист, додека во болница завршило уште едно дете. Во јуни како последица на тешки повреди загинаа и двајца велосипедисти.

Со ова видео, ТВ Клан се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада.


			
Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share