Ужасна несреќа во Ѓорче: Жена излетала со „голф“ и удрила во возила на авто плац, сопатниците се во болница

На 19.08.2023 околу 17,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од Тетово излетало од коловозот и удрило во паркирани возила на авто плац.

„Според пријавеното од С.И., таа изгубила контрола над возилото откако друго возило, кое напуштило лице место, и го попречило движењето. По несреќата С.И. и нејзините сопатници А.А.(81) и М.А.(80), двајцата од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „8 ми Септември“ каде од лекар на А.А. му се констатирани тешки телесни повреди, а на С.И. и М.А. им се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share