Убиство во Боговиње- полицијата го фатила осомничениот 15 минути по извршеното злосторство

Претпладнево во Боговиње е застрелан 47-годишен маж. На убиството му претходела расправија меѓу жртвата и убиецот. Осомничениот со автомобил потоа заминал од Боговиње кон Тетово каде е уапсен.Го сопрела полициска патрола, а возачот бил вознемирен. Тогаш на полицајците кои го сопреле БМВ-то им стигнало известување за убиството и за возилото на осомничениот. Во автомобилот, на во просторот на задните седишта е најдена и пушката со која е извршено убиство.Во тек е увид на местото на злосторот во Боговиње.Местото е заградено со полициски ленти. Полицајци вооружени со автоматски пушки и опремени со панцири ја обезбедуваат локацијата на која не може да и се пријде.

Поврзани објави
Total
0
Share