Уапсен бегалец од ,, Идризово“ осуден на 15 години затворска казна

Скопската полиција ноќеска го уапси Е.Л.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дела кражба, кражба на возило и за незаконско поседување на дрога, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа затвор „Идризово“ поради бегство од затворот. При апсењето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.
Уапсениот е спроведен во казнено – поправната установа затвор „Идризово“ за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

Поврзани објави
Total
0
Share