Турција ја повика меѓународната заедница да ја признае палестинската држава

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика денеска меѓународната заедница да се спротивстави на американското вето за кандидатурата на Палестина за полноправна членка на Обединетите нации и да ја признае палестинската држава, јавува агенцијата Анадолија.Фидан рече дека со Мерзуг разговарале за „тековниот масакр во Газа“ и додаде дека Турција и Мавританија се целосно согласно во однос на Газа.Напорите на двете нации, како што посочи, ќе продолжат „се додека не се воспостави независна и суверена палестинска држава со источен Ерусалим како главен град и територијален интегритет врз основа на границите од 1967 година“.

Поврзани објави
Total
0
Share