Турбуленции на летот за Даблин: 12 патници повредени

Дванаесет патници се повредени за време на турбуленциите на летот кој од Доха патувал за Даблин, пишува „Индипендент“.

Весникот, повикувајќи се на извори од аеродромот во Даблин наведува дека шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди за време на летот на авионот на Катар ервејс, кој на крај сепак безбедно слетал на распоредот нешто пред 13 часот денеска.

Тимот на аеродромот во Даблин продолжува да обезбедува целосна помош на теренот за патниците и персоналот на авиокомпанијата, се вели во соопштението.

Поврзани објави
Total
0
Share