Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Тројца градежни работници се приведени во врска со пожарот во Универзална сала соопшти Министерството за внатрешни работи.

,,Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53). Се преземаат мерки за расчистување, се вели во соопштението од МВР.Од полицијата уште соопштуваат за двете жени кои вдишале чад и се пренесени на Клиниката за токсикологија. Две жени пак се заглавивле во лифт откако ЕВН ја исклучи струјата во околината на Универзална. Ги извлекле припадници на интервентната полиција.

Поврзани објави
Total
0
Share