Тројца маринци загинаа, а 23 се повредени при урнувањето на американски воен авион во Австралија

Тројца американски маринци загинаа, а 23 се повредени во урнувањето на американскиот воен авион Ви-22 Оспреј“ (V-22 Osprey) во океан на 60 километри од градот Дарвин во северна Австралија за време на заеднички воени вежби меѓу двете земји.

Петмина повредени со хеликоптер се пренесени во болница.

Несреќата се случила на островот Мелвил, дел од архипелагот Тиви, а австралиското Министерство за одбрана прецизираше дека во авионот имало само американски воен персонал.

Засега не е утврдена причината за авионската несреќа, која австралискиот премиер Ентони Албанезе ја нарече трагичен инцидент.

Поврзани објави
Total
0
Share