Почна транспортот на гласачкиот материјал од Битола

Под силно полициско обезбедување денеска, рано изутрина од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски и останатите членови на ДИК, тргна гласачкиот изборен материјал за претседателските избори до сите 80 општински изборни комисии.

Процесот на дистрибуција на изборниот материјал го набљудуваше комплетната комисија на ДИК, предводена од претседателот Александар Даштевски. ,,Денеска дојдовме во Битола да го земеме доверливиот изборен материјал. Имаме 17 тима за истиот да биде поуспешно распореден и брзо дистрибуиран во општинските изборни комисии. Тоа е едно од последните дејствија пред изборите. Пред нас останува најважното дејствие кое е предавање на изборниот материјал до изборните општински комисии, до избирачките одбори кое е многу чувствително и мора да се спроведе во најдобар ред, бидејќи може да предизвика одговорност во општинските изборни комисии. Сите останати дејствија од роковникот ги спроведовме. Печатењето на изборниот материјал беше во најдобар ред. Наш тим, предводен од раководителите го контролираше сите денови по 24 часа и истото се одвиваше по избирачкиот список”,рече Даштевски.

Поврзани објави
Total
0
Share