Тошковски најави дисциплинска постапка за помошник-министер во МВР поради пропусти во испораката на личните документи

Имињата на двајцата помошници министри во МВР, Тошковски не ги објави јавно, но рече дека иако внатрешната контрола утврдила вина и кај двајцата, за едниот веќе е истечен рокот да се поднесе дисциплинска постапка

Отпочната е дисциплинска постапка за еден помошник-министер во Министерството за внатрешни работи (МВР) поради пропусти во нарачките на обрасци и динамиката на испорака на личните документи. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

,,Овие пропусти се точно утврдени од аспект на вина, говорам за дисциплинска постапка дека се сторени од страна на двајца помошници министри во Министерствто за внатрешни работи. Во рамки на извештајот е предложено да се отпочне и е отпочната дициплинска постапка за еден помошник министер во рамки на министерството за пропустите кои истиот ги има сторено во рамки на неговото работење“,вели Тошковски.

Според него, анализата покажала дека постоеле објективни причини зошто МВР не почнало со издавање на документите во 2019 година, туку во јуки 2021 година, но како што вели утврдува пропуст во процесот на планирање.

Од Обвинителството велат дека извештајот е примен во ОЈО Скопје и дека е приклучен кон предметот по кој веќе постапува оваа институција во врска со издавањето на личните документи.

Поврзани објави
Total
0
Share