Тошковски: Македонија ги имаше досега најмирните и најбезбедни избори

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на вечерашната прес конференција истакна дека денешните избори веројатно биле најмирните и најбезбедни избори одржани досега.

,,Денеска во Република Македонија се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори коишто било кога се случиле, особено од безбедносен аспект. Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден така да денес сакам да им се заблагодарам пред сè на македонските полицајци, на сите полициски службеници коишто макотрпно работеа изминатиов период особено во текот на денешниот ден, огромна благодарност до нив. Морам да им се заблагодарам и на македонските граѓани коишто на еден мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство”, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој се заблагодари за полициските службеници за обезбедување на изборите, на граѓаните на Република Македонија и на медиумите за професионалното известување. 

Поврзани објави
Total
0
Share