Тошковски за КЛАН ТВ:Граѓаните сакаат ,, мирнo море”на денот на изборите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во утринската емисија на КЛАН ТВ вети дека ќе даде се од себе за изборите да поминат во фер и демократска атмосфера.Како што е претходно познато, за секој изборен циклус се формира оперативен штаб за двојните избори да поминат без проблеми.

,, Министерството за внатрешни работи мора да одговори на секој предизвик и ќе направи се за да обезбедиме мирни, фер и демократски избори во рамките на нашите надлежности. Сите граѓани на Македонија, сите оние кои живеат на оваа територија, Албанците, Турците, Ромите, Босанците, Србите, Власите и другите народи, сакаат да имаат ,, мирни мориња”, сакаат да имаат мирни избори каде што секој има право на глас да го изрази она што го чувствува со заокружување на денот на изборите”, рече Тошковски.

Во однос на најавите за зголемено полициско обезбедување за време на изборите во шестата изборна единица, Тошковски вели дека тоа треба да е проценка на оперативниот изборен штаб.

,, Јас , заедно со заменикот  министер побарав во секоја  надлежна полициска станица да се назначат началници и од моја и од страна на дополнителниот министер, кои ќе треба да дадат максимална гаранција за безбедноста на изборниот процес”,потенцираше миниистерот за внатрешни работи Панче Тошковски за КЛАН ТВ.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share