Тошковски: Загрижен сум за изборниот процес во ИЕ6

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на јавна дебата рече дека е сериозно загрижен за изборниот процес на територијата на изборната единица 6, односно како што рече тој во Тетово, Гостивар, Брвеница и околината на овие градови и општини.

Според него, алармот го пали фактот што актуелната Влада не дозволува да биде променет првиот човек на полицијата во градовите кои што се клучни во шестата изборна единица, место кое во претходните изборни процеси се покажало како најпроблематично од аспект на регуларноста на избрниот процес. 

– Не дозволија промена да се спроведе на систематизацијата,која што ќе овозможеше поставување на началник од моја страна, како и дополнителен началник од страна на дополнителниот министер. Тој ќе требаше да гарантира фер и демократски изборен процес на територија на Тетово,Гостивар, Брвеница итн, рече Тошковски.

Токму во шестата изборна единица на референдумот беше поставен светски рекорд кога во гласачката кутија во едно избирачко место паѓаше по една гласачко ливче на секои 2 секунди.

Поврзани објави
Total
0
Share