Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес.Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што треба. – Покриени се сите сектори за внатрешни работи од аспект на технички и човечки ресурси.Министерството за внатрешни работи постапува согласно планот и оперативната акција, која како таква е утврдена во рамки на Оперативниот штаб. Се си тече како што треба, подвлече Тошковски.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57