Тешко повреден затвореник во Идризово – тепачка меѓу две групи во затворот

Еден затвореник е тешко повреден во физичка пресметка меѓу две групи во затворениот дел на Казнено-поправната установа Идризово,информираат од МВР.

„На 01.06.2024 во 18:47 часот, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово во СВР Скопје било пријавено дека во затворениот дел на установата бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници, во која осуденикот Х.Ф. (29) од с. Студеничани, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје“, се посочува во соопштението од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани објави
Total
0
Share