Тешка сообраќајка кај Кривогаштани, загинаа жена и дете, уште две други деца се повредени

Триесет и три годишна жена и малолетно дете загинаа во тешка сообраќајна несреќа вчера доцна попладнето откако со автомобилот со кој се превезувале излетале од патот на потегот Крушево – Кривогаштани на местото „Студена вода“.

Загинатите биле сопатници во возилото во кое се превезувале уште две деца и еден маж.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот, автомобил „алфа ромео“ со прилепска регистрација излетало надвор од коловозот.

Со автомобилот управувал триесет и петгодишен жител на прилепското село Канатларци.

По несреќата во прилепската болница биле пренесени триесет и тригодшината жена, која починала во болница, а малолетниот сопатник, иако бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, починал при транспортот.

Возачот и уште двајца малолетни сопатници се здобиле со тешки повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share