Таравари: AA да оди со албанската опозиција, Лога – AA да се натпреварува сама!

ПОВИК НА ТАРАВАРИ ЗА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА АА  

Граѓанинот бара промени! Народот бара политички систем ослободен од епидемијата на корупција, која стана најголемата пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија – пишува на Фејсбук претседателот на АА, Арбен Таравари, повикувајќи ги партиските тела да ја поддржат одлуката да застане со албанската опозиција на претстојните парламентарни избори.

Јавно го покани партиското Собрание да го поддржи на ова патување и заедно, како што вели, да го предводат овој процес што тој го нарекува голема и долгоочекувана промена!

АРБЕН ТАРАВАРИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АА

“Непоколебливо верувајќи во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба Алијансата за Албанците да влезе во изборната трка со албанската опозиција и заедно ќе продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја! Никогаш оваа промена не била посигурна и поопиплива. Никој нема поголем кредибилитет од Алијансата да ја донесе оваа промена!“

Преку Фејсбук се огласи и министерот за правда кој доаѓа од редовите на АА, Кренар Лога.

Според него, Алијансата за Албанците нема разгледано ниту едно барање во нејзините партиски органи, Управниот совет, Централното Претседателство и Централното Собрание во врска со предизборните коалиции.

КРЕНАР ЛОГА

“На сила е одлуката на Централното Претседателство која ЕДНОГЛАСНО беше изгласана да се оди сами на избори. Го повикувам Собранието на АА  да го држи до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е: АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ САМА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024!“

Преку социјалните мрежи се огласи и претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами. Тој ја објави фотографијата од средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, на албанската опозиција заедно со претседателот на АА, со натпис “Моќта лежи во ЕДИНСТВОТО!“./tvklan.mk

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share